Канела приказната ја започнавме во 1991 година со силна желба да подготвуваме торти и колачи, по домашни рецепти, со најдобри состојки - онакви какви што правеле нашите мајки и баби. Вртејќи по бабините готвачи успешно ги претвораме нашите долго чувани семејни тајни во вкусни торти и колачи во кои и вие уживате денес. Употребата на здрави, вкусни и квалитетни состојки секогаш е наша определба. Така создаваме голем број на производи, погодни за секоја ваша пригода, расположение и годишно време.
Но тоа сепак не е доволно. Со години се трудиме да ги усовршиме и претвориме нашите производи - вашите слатки задоволства - во разновидни форми и големини за најмладите, како и за повозрасните. И така докажавме дека освен со квалитетот, успеавме нашите производи да станат примамливи и возбудливи за вашите погледи.
Канела Прима е секогаш тука за остварување на вашите слатки желби.